Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово утре во 19:30 ќе го одиграат првиот натпревар во Челенџ Купот на домашен терен против тимот на Хелветиа БМ. Алкобентас од Шпанија.
Ова е историски ден за женскиот ракоемет во Куманово, имајки во предвид дека клубот два пати настапувал во Челенџ Купот, меѓутоа поради финансиски проблеми двата натпревари ги играл на гостински терен.
Тренерот на Куманово Антонио Ивановски изјави дека како се ближи почетокот на одигрување на натпреварот, така тој е поголем оптимист за успешен резултат на тимот.
Сите желно го очекуваме утрешниот натрпевар. Утре е празник за ракометеот во Куманово, за прв пат доаѓа странска екипа и ни преставува чест и задоволство што на нашите сограѓани ќе им овозможиме да ги претставиме и шпанската и нашата екипа. Ние сме аматерски тим, меѓутоа работиме со срце, го сакаме ракометот и ќе гинеме за боите на нашиот клуб. Гостинот е доста квалитетен и неслучајно ја претставуваат Шпанија во оваа натпреварување. Јас сум оптимист дека ќе дадеме добра партија и поволен резултат - изјави Ивановски на прес конференцијата.
Претседателот на ЖРК Куманово Бобан Пеовски се осврна на организацискиот дел на натпреварот. Вратите ќе бидат отворени еден час пред почетокот на натпреварот и ги повика љубителите на ракометот да дојдат и да дадат подршка на кумановските ракометарки.
Ги повикувам љубителите на спортот да дојдат во помасовен број да не подржат се со цел за да можеме да добиеме позитивен резултат со оваа шпанска екипа. Организиациски тимот на Хелветиа БМ. Алкобентас е далеку од нас. Тие се професионална екипа со силни спонзори, Хелветиа осигурување им е генерален спонзор и од таа гледна точка ние неможеме да се мериме со нив. Тие имаат Бразилска репрезентативка во своите редови, поранешна голманка на Шпанија и неколку младински репрезентативки. Јас сум сигурен дека нашата екпиа ќе даде се од себе да се прикаже во најсилно светло и позитивен резултат би бил врвен успех за нас - изјави Пеовски.
Ракометарката Маја Иваноска целосно ја има санирано повредата и е подготвена за утрешниот натпревар. Таа истакна ќе го дадат својот максимум и ја повика публиката да им даде подршка.
Расположението и формата на тимот е на високо ниво. Ни треба малку подршка од публиката и ние можеме да ветиме дека ќе дадеме се од себе - изјави Ивановска.
Од ЖРК Куманово замолија за фер и коректно навивање потенцирајки дека казните се огромни.
Ја замолувам публиката за фер и спортско навивање. Нашата публика е коректна и не се сомневаме во неа. Казните се огромни и нашиот клуб не би можел да ги издржи тие финансиски удари - додаде Пеовски.
Натпреварот се игра во сабота во Спортската сала во Куманово и започнува во 19:30. Реванш наптреварот ќе се одигра на 21 октомври во Мадрид.