Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Загревањето за јунските бараж дуели нашите најдобри ракометарки го стартуваат денеска кога ќе го одиграат првиот контролен дуел со Србија која е домаќин на следното Светско првенство. Натпреварот ќе се одигра во Крагуевац, а почнува во 18 часот.
Селекторот Гино Стрезовски за првпат ќе може да ја провери формата на македонските ракометарки кои ќе настапат со видно изменет состав. За разлика од Европското првенство во декември минатата година, Стрезовски на овие два натпревара (вториот се игра во сабота) нема да може да смета на четири ракометарки.
Настапот во репрезентацијата го откажаа Тања Андрејева, Јулија Николиќ и Драгана Пецевска, додека поради повреда нема да настапи Мирјета Бајрамовска.
Овие дуели ќе послужат како проверка пред бараж-дуелите кои нашата селекција во јуни ги игра со Шпанија.