Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со убедливата победа од 34-14 над Жито Прилеп ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ го презедоа врвот од табелата во домашната женска ракометна Супер лига, и во очекување уште на последниот свој натпревар јасно е дека од првата позиција ќе ги стартуваат плеј-оф дуелите за титула.
На тој начин „црвено-црните“ обезбедуваат позиција од врвот која ќе им ја донесе четвртопласираната екипа од лигата на стартот од плеј-оф разигрувањето за титулата. Факт е, во секој случај, согласно квалитетот, дека без разлика на конечниот пласман по регуларниот дел дека Вардар СЦБТ и Металург оваа сезона ќе одлучуваат во финалната пресметка од плеј-офот околу новиот македонски шампион. Во последното коло ЖРК Вардар ќе игра против Кожувчанка за заверка на првата позиција.
На уште еден натпревар од ова викенд коло Металург Скопје славеше против Кожувчанка со 24-16 по што останува во трката заедно со Жито Прилеп и Куманово околу последните две позиции кои водат во плеј-офот. ЖРК Металург, пак, очекувано славеше лесна победа од 42-10 против тимот на Кичево 10.
ТАБЕЛА: ЖРК Вардар СЦБТ 31 бод, Металург 31 (12 натпревари), Жито Прилеп 15, Куманово 15, Металург Скопје 15, Кичево 6, Кожувчанка 3 бода.