Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Вардар забележаа нов пораз во Регионалната лига откако во Скопје загубија од Локомотива со 25:28.
Билјана Црвенковска со осум гола беше најефикасна во редовите на Вардар СЦБТ, а по три пати во листата на стрелците се запишаа Драгана Пецевска, Олга Виноградова и Бегоња Фернандез.
На Вардарки не им помогна ниту одличното издание на голманката Нигина Саидова, која забележа дури 17 одбрани. Вардар во следното коло ќе ѝ гостува на Подравка, на 2 март.