Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово во вонредното коло кое се одигра во средата, успејаа да забележат победа против тимот на Пелистер со резултат 18-23.
Кумановчанки уште на почетокот воспоставија водство на натпреварот и благодарение на Александра Боризовска која постигна 6 гола и Маја Ивановска и Викторија Пеовска кои придодадоа по 4 гола, ЖРК Куманово ја доби битката за четвртата позиција на табелта.
Вчера ракометарките гостуваа во Автокоманда каде што загубија од тимот на Металург со резултат 35-16. Мила Трајковиќ постигна 5 гола за Куманово додека Елена Ливриниќ беше најефикасна на натпреварот со 7 гола.