Ракометарките обезбедија завршница на Купот
07.03.2016 15:28
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово обезбедија пласман во завршницата на Купот на Македонија.

Тие во четвртфиналната фаза од Купот се сретнаа со тимот на Ѓорче, кого го совладаа со резултат 27-23 со што ја оправдаа фаворитската улога на овој натпревар.
Боризовска Александра постигна 7 гола на овој натпревар а Пеовска Викторија го заврши натпреварот со 6 гола. Кај гостинската екипа Гулицоска Теодора постигна 6 гола.
Покрај Куманово завршницата од Купот ќе ја играат и тимовите на Вардар, Металург и Вардар Јуниор. Полуфиналните натпревари и финалето ќе се играат на 7 и 8 мај.