Ракометарките се враќаат како третопласирани од Бар
20.06.2016 08:54
| KumanovoNews
Кадетскиот состав на ЖРК Куманово го освои третото место на турнирот во Бар.

Тие во полуфиналето загубија од Швеската екипа Сарокометернас со резултат 10-14. Во борбата за третата позиција, младите кумановки се сретнаа со домаќинот на турнирот Бар, каде што извојуваа победа со 25:23.
Освен третата позиција на турнирот, Куманово го доби пехарот за фер-плеј екипа, а за МВП на турнирот беше прогласена Мила Трајковиќ.
Ова е уште една потврда дека женскиот ракомет во Куманово има иднина и допрва следува генерација на квалитетни ракометарки.