Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските ракометарки, во рамките на единаесетото коло од Првата женска лига, вчера извојуваа победа против екипата на Алушовски, со разлика од 31 гол, со што останаа први на табелата.
Натпреварот заврши со резултатот 52:21.
Уште на самиот почеток од играта, беше сосема извесно дека кумановските ракометарки, кои и беав фаворит на натпреварот, дека ќе победат, па на крајот од првото полувреме завршија со резултат 28:9.
Веќе во второто полувреме Куманово само ја зголемуваше својата предност, а најефикасни беа Глигоријадис со 11 гола и Трајковиќ со 9 гола.
Голови постигнаа: Глигоријадис 11, Трајковиќ 9, Марковиќ 6, Пецанова 2, Боризовска 2, Шарановиќ 2, Кипријановска 3, Радевска 3, Цветановска 5, Гичевска 6, Јанкуловска 3.
Во следното коло од есенската сезона ЖРК Куманово ќе игра против екипата на Спартак.