Ракометарките со нова убедлива победа на домашен терен
25.09.2017 12:46
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово забележаа нова убедлива победа, одкако изминатиот викенд го победија тимот на Деспина од Прилеп со резултат 28-20.

Кумановчанки уште на стартот створија водство од 8 гола, кое успешно го чуваа до полувремето, а подоцна и до крајот на натпреварот. Викторија Пеовска постигна 9 гола во победничкиот тим, кој играше без Александра Боризовска која е на репрезентативни подготовки во Турција. Кај гостите Михаела Камческа постигна 7 гола.