Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамкуте на ВРХЛ лигата, на гостински терен во Зајечар, Србија, ракометарките на Куманово славеа убедлива победа против РК Зајечар, со резултат 49:20.
Во текот на натпреварот, ЖРК Куманово постојано беше во предност, а најефикасни беа Трајковиќ со 13 гола и Гичевска со 8.
Постигнати голови на Куманово: Куманово: Трајковиќ 13, Гичевска 8, Јанкуловска 4, Марковиќ 2, Пецанова 6,Ивановска 3, Боризовска 2, Кипријановска 3, Глигоријадис 3, Радевска 2, Цветановска 1, Шарановиќ 1, Чокели 1.
Со оваа победа ракометарките се вратија во форма по поразот, во рамките на Регионалната лига, од екипата на Груде од БиХ, со резултат 28:27, а на 24 и 25 јануари ќе играат два пријателски натпревари со српската екипа Јагодина.