Ракометарките успешни во Прилеп, го очекуваат Металург
01.11.2016 12:08
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово ја остварија својата петта победа во домашното првенство одкако на гостински терен ја совладаа екипата на Прилеп со резултат 21:27.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога ЖРК Куманово водеше со резултат 9:14. Пеовска Викторија постигна 10 гола во победата за Куманово. За Прилеп Ангела Саздова, Елена Крстевска и Бојана Јовановска постигнаа по 6 гола.
Наредниот натпревар Куманово го игра против Металург во четврток во Спортската сала, со почеток во 19:30. Со победа на овој натпревар, Куманово би ја завземал првата позиција на табелата.