Ракометарките загубија од Металург
19.04.2016 10:29
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово овој викенд имаа тежок натпревар против тимот на Металург кој го загубија со резултат 20:38.

Екипата на Металург уште на прв поглед делуваше физички надмоќно што допринесе гостинките од Скопје лесно да воспостават резултатска предност и да го исконтролираат натпреварот до самиот крај. Резултатот на полувреме беше 9:17 а во второто полувреме ракометарките на Куманово делуваа како да се предадоа, па натпреварот заврши со резултат 20:38. Андреа Белеска постигна 10 гола во победата за Металург додека Пеовска Викторија постигна 8 гола за Куманово.
Следниот натпревар Куманово го игра против првиот тим на Вардар.