Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово одиграа лошо второ полувреме против шпанскиот претставник и загубија во првиот натпревар во Челенџ Купот со резултат 17:23.
Екипата на ЖРК Куманово одлично го отвори мечот и поведе со 2:0, меѓутоа изостанаа контра-нападите, нешто што беше заштитен знак за ракометарките изминатите сезони, а шансата за таквата игра се укажа уште по почетното водство. Натпреварот се одигра пред повеќе од илјада гледачи, па беше забележливо дека ракометарките беа импресионирани од атмосферата во Спортксата сала, па решија поспоро да играат. Шпанскиот состав брзо се вратија во мечот, и во продолжението се играше цврст меч. Шпанките успејаа да направат водство и заминаа на полувреме со резултат 10:11.
Очигледно е дека Куманово имаше сили само едно полувреме да се справи со гостите од Шпанија. Во вториот дел од мечот тимот на Куманово целосно падна. Играта беше прочитана, се играше безидејно во нападот а и кога одиграа нешто, Хелветиа на голот ја имаше одличната поранешна шпанска репрезентативка Михаела Киобану, која е носител на бронзен медал од олимпијадата во Лондон и светското првенство во Бразил, и сребрена на Европското првенство во Македонија.
Со своите 43 години, таа беше одлична на голот и беше единствената разлика меѓу овие два тима на овој меч. За останатиот тим на Хелветиа не можеме да кажеме дека поседува некој екстра квалитет во однос на кумановскиот состав.
Најефикасен поединец на мечот беше Александра Боризовска која постигна 7 гола, меѓутоа имаше и проблеми со грчеви во текот на натпреварот. За кумановки, Бранкица Марковиќ и Пеовска Викторија постигнаа по 3 гола. За Хелветиа БМ. Алкобентас, Бразилката Рената Матеус Да Круз постигна 6 гола.
Вториот натпревар помеѓу овие две екипи се игра на 21.октомври во Мадрид.