Ранчиќ прв на 10 километри во „Крос кантри“
01.03.2016 16:00
| KumanovoNews
Атлетичарот Милош Ранчиќ овој викенд имаше успешен настап на Државното првенство во Крос кантри кое се одржа во Скопје.

Натпреварувањето се одржа покрај кејот на реката Вардар, а Ранчиќ во конкуренција од стотина атлетичари во категоријата 10 километри, заврши како првопласиран. Со тоа му обезбеди медал на Атлетскиот клуб Скок од Куманово.
Милош Ранчиќ е репрезентативец на Македонија, и ќе ја претставува нашата земја на Балканското првенство во Србија кое ќе се одржи наредниот месец.