×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реал против Јунајтед

    13.02.2013 09:49 | KumanovoNews

    Денеска во 20.45 часот, во фудбалската Лига на шампиони, ќе се одиграат две нови средби од осмина финалето – Реал, во Мадрид, ќе го пречека Манчестер Јунајтед, додека Шахтјор за противник ќе ја има Борусија Дортмунд.

    Реал против Јунајтед

    Двомечот на Реал и Манчестер Јунајтед е вистинското дерби на оваа фаза, покрај традицијата и ривлаството кое владее помеѓу овие два клуба, во центарот на вниманието ќе биде и Кристијано Роналдо.

    Португалецот за прв пат ќе заигра против поранешниот клуб, во кој се стекна со фудбалска слава, Роналдо пред три ипол години за рекордни 94 милиони евра од Манчестер се пресели во Реал.

    Навивачите ширум светот ќе можат да уживаат во уште една пресметка за Жозе Мурињо и Алекс Фергусон, традицијата во меѓусебните дуели е на страната на португалскиот стратег. Според Мурињо, неговата екипа мора да одигра на највисоко ниво за да оствари позитивен резултат.

    Ние ќе се соочиме со врвен тим и мора да одиграме многу квалитетно за да оствариме позитивен резултат. Реал сака да ја освои својата 10 титула во ЛШ-рекол Мурињо.

    Неговиот колега Фергусон смета дека бонус за неговиот тиме што во овој дел од сезоната нема повредени играчи и што во мечот влегуваат по добрите резултати во Премиер лигата.

    Ова е вистинско време за нас да играме против Реал. Имаме фантастична предност во првенството и можам да сметам на сите играчи- рекол Фергусон.

    Искусниот шкотски стратег е убеден дека на првиот меч во Мадрид ќе има погодоци.

    Натпреварот во Мадрид во сенка го фрла дуелот кој ќе се одигра на „Донбас Арена“ во Шахтјор, каде украинскиот првак ќе го пречека германскиот шампион Борусија од Дортмунд.

    Двете екипи играа одлично во првата фаза, Борусија го освои првото место во групата во која беа Реал, Ајакс и Манчестер Сити, додека Шахтјор во конкуренција на Јувентус и Челзи заврши како втор во групата.

    Украинскиот тим во втората фаза од ЛШ влегува ослабен, откако тимот дозволи трансфер на Вилијан, тој во Анжи замина за сума од 35 милиони евра.

    Голем проблем за Шахтјор може да биде и тоа што поради зимската пауза, играчите подолго време немаат одиграно меч од натпреварувачки карактер.

    Борусија од друга страна веќе ја загуби титулата во Германија, а во Украина допатува по непријатниот пораз на домашен терен од Хамбургер..