Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска ги започнуваат финалните натпревари против актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе се обиде да ја одбрани титулата.
Оваа сезона овие две екипи одиграа четири натпревари во кои секоја екипа успеја да слави на домашен терен. Според статистиката и конечните резулати оваа сезона, Куманово ќе мора да се фокусира на одбраната и да се обиде да го лимитира МЗТ на околу 70 поени доколку сака да постигне позитивен резулат. Од друга стра проблем е и ефикасноста на Куманово во салата Јане Сандански. Во двата натпревари на гостински терен, Куманово во просек постигна 69,5 поени (68 во првиот и 71 во вториот натпревар) па ќе мора да ја задржи шутерската форма како во предходните два натрепвари со Соколи.
Минатогодишните финални натпревари донесоа многу возбудувања, посебно оној во Куманово, па несомнено е дека и оваа година би требало да очекуваме одлична финална серија.
Првиот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Куманово започнува во 18 часот со пренос на МРТ.