Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово го забележаа четвртиот пораз во Првата лига одкако беа надиграни од тимот на Астарион со резултат од 30:27 во меч во кој доминираа струмичани претежно голманот Гогов и расположениот стрелец Ончев.
Куманово имаше предност од еден до два гола само во почетните минути по што стапи на сцена Васил Гогов кој стана енигма за кумановчани како да ја затресат неговата мрежа. Со неколкуте негови одбрани, астраионци во финишот од првото полувреме дојдоа до резултатски пресврт но и предност од четири гола или 11:15 за струмичани
Во второто полувреме струмичани ја продолжија својата фантастична игра и не дозволија во ниту еден момент Куманово да направи изненадување кој мораше пред своја публика да се предаде во корист на Астарион
Голманот на струмичани Васил Гогов имаше фантастични 14 одбрани и тоа во клучни моменти а во нападот блескаше Иванчо Ончев кој постигна дури 13 голови.
Со ова втора победа во групата 2, Астраион има вкупно 7 бода и веќе се проби на третата позиција на прволигашката табела, а Куманово е последен без бодови.
Ване Трајков