РК Карпош продолжува да доминира во Јуниор лигата
28.11.2017 10:45
| KumanovoNews
РК Карпош Вардар забележа нова победа во Јуниор лигата на Вардар. Овој пат, тие беа подобри од Балтепе од Тетово со резултат 25:15.

Ова е трета победа во низа на кумановските млади ракометари, и трета победа со двоцифрена разлика. На овој натпревар главата улога ја имаше голманот Глигор Трајковски додека Крстевски беше најдобар во нападот.
Тренерот на тимот, Миодраг Јовановски Црни изјави дека е задоволен од играта на тимот во второто полувреме и се надева дека ќе продолжат со добрите игри.