РК Карпош со убедлива победа во „Јуниор“ лигата
06.11.2017 11:19
| KumanovoNews
Со убедлива победа од 32:5, ракометниот клуб Карпош Вардар го декласираше тимот на Кисела Вода и ги започна натпреварите во Јуниор.

Во оваа првенство кое е во организација на РК Вардар, кумановскиот состав и минатогодишниот вицешампион покажа квалитет и со серии од 9:0 и 7:0 покажа дека и оваа сезона има квалитет да се бори за највисок пласман.
Резултатот на полувреме беше 16:3, а кумановскиот состав постигна исто толку голови и во второто полувреме, по што беше поставен конечниот резултат.