Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изминатиот викенд се одржа првиот дел од турнирот „Еден живот една љубов“, каде што свое учество зема женската екипа на РК Карпош и се закити со бронзен медал.
На овој турнир учество земаа 40 екипи од цела Македонија кои два дена се натпреваруваа за што подобар пласман. РК Карпош настапи во женска конкуренција, ракометарки родени 2004 и помали, каде што успеја да го освои третото место.
Одигравме одличен турнир каде што се закитивме со бронзениот медал. Во полуфиналниот натпревар загубивме од Делчево со 16:11 кој подоцна стана и шампион, а во натпреварот за третото место ја победивме Виница со 14:11. Задоволни сме од резултатот, девојчнињата одиграа тешки натпревари можевме да завршиме и првата позиција, меѓутоа тоа се е дел од процесот во кој се произведува квалитетен играч. На овој турнир поранешната репрезентативка Наташа Младеновска го освои првиот трофеј како тренер, што е посебно битно за стручниот штаб на РК Карпош Вардар - изјави Миодраг Јовановски - Црни, тренер во тимот на РК Вардар.
Веќе овој викенд, Карпош настапува на вториот дел од тунирот каде што ќе настапат со машка екипа 2004 и помали и мешан состав во мини-хандбал конкуренција во која играат дечиња 2006 и помали.
Јовановски потенцира дека женскиот ракомет е спорт број еден во градот, каде што многу клубови обезбедуваат врвни резултати со домашни ракометарки.
Женскиот ракомет е спорт број еден во градот. Нашиот успех потврдува дека и РК Карпош има квалитетна генерација, која може да се носи со сите филијали на Вардар на ниво на целата република. Се надеваме дека во градот ќе има поголем слух за овој спорт. Ние продолжуваме со работа со младите ракометари, а успесите сигурно ќе дојдат - додава Јовановски.