Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите ракометари на РК Карпош Вардар забележаа нова убедлива победа против тимот на Урдаревски со резултат 23-13.
Кумановските ракометари уште во првото полувреме имаа предност од 12:6, со што покажаа дека ќе ја забележат и втората победа во Јуниор лигата.
Ракометарите одиграа одлично, по договор со минимален број на грешки. Голманот Глигор Трајковски имаше одличен настап, а во нападот се истакнаа Давид Димевски, Марио Бошковски и Јани Лазов. Во игра влегоа сите играчи, од највозрасните во тимот, до најмалиот ракометар кој има само 9 години. Им честитам на моите ракометари на новата победа - изјави тренерот на РК Карпош Вардар, Миодраг Јовановски - Црни.