Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Финалето на Ролан Гарос кај жените денеска ќе ја донесе 16.та пресметка меѓу Марија Шарапова и Серена Вилијамс.
Шарапова е актуелна шампионка на Ролан Гарос и ја брани титулата, додека Серена Вилијамс е најдобро рангирана и титула во Париз има веќе далечната 2002 година.
Во меѓусебните дуели Вилијамс е убедлива со 13:2, со тоа што Шарапова двете победи ги има постигнато во 2004 година (финале Вимблдон и финале ВТА Мастерс). Во финалните мечеви Вилијамс е во предност со 5:2.
Ова ќе биде нивни прв меч на Ролан Гарос, а финалето почнува во 15 часот.