Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Благодарение на успесите на Металург, Македонија се најде на десеттото место на најновото рангирање на ЕХФ што значи дека нашиот шампион ќе ги скокне квалификациите.
Шампионот на Македонија во ракомет идната сезона ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите. Оваa новина пред се е благодарејќи на успесите на Металург кој годинава стигна и до четвртфиналето во елитното натпреварување.
Благодарејќи на успесите на тимот од Автокоманда, Македонија како држава сега е рангирана на десеттото место на ЕХФ листата и се наоѓа зад Шпанија, Германија, Данска, Унгарија, Полска, Русија, Хрватска, Франција и Словенија.
Како екипа, македонскиот шампион ќе биде 12-то рангиран, бидејки пред него ќе бидат и второпласираните од првенствата на Шпанија и на Германија.
Барабан 1: Барселона, Кил, Алборг и Веспрем.
Барабан 2: Киелце, Чеховски Медведи, Загреб и Пари Сен Жермен.
Барабан 3: Атлетико Мадрид, Р.Н.Ловен (или Фленсбург), Горење Велење и Македонија 1
Барабан 4: Киф Колдинг (Данска 2), Вакер Тун (Швајцарија 1), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија 3) и Р.Н.Ловен (или Фленсбург)
Барабан 5: Ст.Петербург (Русија 2), Франција 2, квалификант 1 (Шведска 1, Белорусија 1, Босна 1 и Романија 1) и квалификант 2 ( Србија 1, Словачка 1, Португал 1 и Израел 1)
Барабан 6: ПЛ Цеље, победник на квалификацискиот турнир со вајлд-карта, квалификант 3 (Австрија 1, Норвешка 1, Турција 1 и Украина 1) и квалификант 4 (Грција 1, Италија 1, Холандија 1 и Луксембург 1).