Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шампионот на Македонија во Првата лига ќе биде познат по натпреварите од последното коло откако попладнево на стадионот „Железарница“ Металург и Вардар одиграа нерешено 1:1.
Со овој резултат Металург ги загуби шансите за титулата, а првакот Вардар сега има два бода повеќе во однос на Хоризонт Турново, кој постигна победа на домашен терен со Работнички од 3:0.
На „Железарница“ Вардар поведе со голот на Ранџеловиќ во 22.минута, а изедначи Миле Крстев во 76.минута. Стрелци за Хоризонт беа: Милушев во 23.минута, Блажевски во 49. минута и Балдовалиев во 90.минута.
Преглед на резултатите од 32.коло: Металург – Вардар 1:1, Напредок – Брегалница 2:1, Ренова – Дрита 1:1, Шкендија – Пелистер 0:1, Тетекс – Силекс 4:0 и Турново – Работнички 3:0.
Табела: Вардар 65 бодови, Хоризонт Турново 63, Металург 60, Работнички 50, Шкендија 44, Брегалница 43, Ренова 42, Пелистер 37, Напредок 37, Дрита 37, Тетекс 25 и Силекс 22.
Натпреварите од 33.коло ќе се одиграат во недела од 17 часот.