×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сан Антонио се пласира во финалето на Западната Конференција

    17.05.2013 08:45 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Сан Антонио ноќеска изборија победа во шестиот натпревар од полуфиналето на плеј-оф конференцијата во НБА лигата против Голден Стејт и со 4:2 во победи се пласираа во конференциското финале на Запад.

    Сан Антонио се пласира во финалето на Западната Конференција

    Гостите натпреварот го решија во своја корист со 94:82, а најпрецизен кај победникот беше Тим Данкан со 19 поени, Леонард постигна 16, а Тони Паркер 13.

    Најефикасен на натпреварот беше играчот на Голден Стејт, Стефан Кари со 22 поена.

    Њујорк се избори за продолжување на полуфиналната серија со Индијана откако со 85:75 славеше на домашен терен.

    Најефикасен на натпреварот беше Кармело Ентони со 28 поени.

    Серијата сега е 3:2 во победи за Индијана, која на следниот натпревар е домаќин.