×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сан Антонио се пласираше во финалето

    28.05.2013 08:15 | KumanovoNews

    Тимот на Сан Антонио Спарс се пласираше во големото НБА финале по четвртата победа над Мемфис во четвртиот натпревар.

    Сан Антонио се пласираше во финалето

    Спарс овој дуел го добија со 93:86, а феноменален меч одигра Тони Паркер кој постигна 37 поени кои ги надополни со 6 асистенции.

    Ова е неверојатно чувство. Многу е тешко да стигнате до финалето и да освоите шампионски прстен. Јас имав 21 година кога прв пат ја освоив титулата и мислев дека ќе биде многу лесно и дека тоа ќе се случува секоја година. Во 2007 ја освоив мојата трета титула во последните 5 години.Оттогаш поминаа шест години и секоја наредна сезона е се потешка и потешка. Секој тим сака да те победи. Затоа ова е толку неверојатно, да се вратите на врвот по толку време со истиот тренер и со истата „голема тројка- изјавил Паркер по мечот.

    Во гостинскиот тим двоцифрен број на кошеви постигнаа Тим Данкан (15) и Каваи Ленард (11).

    Зек Рендолф одигра уште еден просечен натпревар за Мемфис со само 13 поени и шут 4/13. Зи Бо во оваа серија со Спарс просечно постигнуваше по само 11 поени, за разлика од пресметките со ЛА Клиперс и Оклахома каде неговиот просек беше 19,7 поени.

    Најзабележителен кошаркар во домашниот тим беше резервистот Квиси Пондекстер кој реализираше 22 поени.

    Ова за „мамузите“ е петта титула во конференциското финале на Западот, а во претходните четири наврати ја освојуваа и шампионската титула. „Мечките“ пак ја одиграа најдобрата сезона во нивната историја.

    Тимот на Грег Попович во големото финале ќе игра со подобриот од дуелот Мајами и Индијана, каде моментално актуелните шампиони водат со 2:1 во меѓусебната серија.