Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Марија Шарапова се пласира во полуфиналето на турнирот во Мајами, со награден фонд 5.185.000 долари. Русинката во два сета оствари победа над Сара Ерани од Италија - 7:5, 7:5.
Шарапова ја отстрани Ерани и на претходниот турнир од серијата Мастерс во Индијан Велс, и тоа повторно во четвртфиналето. Втората тенисерка во светот не стигна многу лесно до успехот, бидејќи нејзината соперничка традиционално се претставува силно на тврда подлога.
Србинката Јелена Јанковиќ ќе биде соперничка на најдобрата руска тенисерка во полуфиналето. Јанковиќ ја елиминира другата Италијанка во четвртфиналето, Роберта Винчи со 6:4, 6:7, 6:3.
Во другото полуфинале ќе се сретнат лидерката на светската ВТА листа, Серена Вилијамс (САД) и минатогодишната победничка на турнирот Агнешка Радванска (Полска).