Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Откако победи на тенискиот турнир во Индијан Велс, Марија Шарапова ќе се обиде да го стори истото и на игралишта во Кеј Бискеин во Мајами.
До овој момент во опен ерата само две тенисерки успеале да ги освојат последователно двата турнири - Штефи Граф во 1994 и 1996 година, како и Ким Клайстерс во 2005.
Во текот на викендот Шарапова оствари победа од 6:2, 6:2 над Каролина Вознјацки, а својот прв натпревар на мастерсот во Мајами ќе одигра во петок.
Овие турнири на навистина тешки, бидејќи се многу блиску временски еден до друг-изјави третата носителка на турнирот.
Колку побрзо ќе завршите со првиот (Индијан Велс), толку побрзо ќе се најдеш тука. Ќе се обидам да постигнам нешто повеќе во текот на оваа година- изјави Шарапова
Шарапова беше многу блиску до реткиот дабл учинок во 2006 година, кога победи на турнирот во Калифорнија, но загуби во финалето во Мајами.