Седма победа на Бал фор Лајф во првенството
Екипата на Бал фор Лајф забележа нова победа во третата кошаркарска лига против тимот на Марфил Спорт од Прилеп со резултат 67-84.

Кумановскиот состав влезе доста мотивирано во мечот и уште во првиот период направи двоцифрена предност, со што покажа дека е дојден по победа во овој натпревар. Клучна беше третата четвртина која што Бал фор Лајф ја заврши со резултат 8-26, по што следуваше рутинско приведување на натпреварот кон крајот. Разликата во еден момент изнесуваше и 32 поени, по што на терен влегоа и младите кошаркари кои ја сочуваа предноста и го поставија конечниот резултат 67-84.
Дарко Смиљковиќ постигна 30 поени на овој натпревар а Ненад Стојановски го заврши натпреварот со 20 поени.
Следниот натпревар Бал фор Лајф го игра против Дино Баскет од Кочани на домашен терен.