Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Клубот The strongest and roots BJJ Куманово, заедно со Македонската федерација за Бразилска Џиу-џица организираат нов семинар за сите љубители на боречките вештини.
Ова е седми семинар во наша организација. Предавач на овој семинар ќе биде Ивица Алексовски, претседател на македонската федерација за бразилска џиу-џица. Најавени се гости речиси од цела Македонија, па ги повикувам сите љубители на овој спорт да го посетат семинарот во недела - изјави Мартин Стефановски, тренер и претседател на клубот во Куманово.
Семинарот ќе се одржи во просториите на The strongest and roots BJJ Куманово(Професор Михајловиќ, во близина на К-нет) и ќе започне во 12 часот. Цена на учество е 300 денари за членовите на The strongest and roots, и 400 денари за надворешни учесници.
Информации може да добиете на телефон 077/705-039.