Мени

СЕХА ЛИГА: Металург и Вардар ја затвораат сезоната

27.03.2013 09:08 | KumanovoNews

Големите ракометни ривали Металург и Вардар Про, во денеска, ќе ја спуштат завесата на натпреварите од регуларниот дел од сезоната, во СЕХА лигата.

СЕХА ЛИГА: Металург и Вардар ја затвораат сезоната

Двата тима без притисок влегуваат во овој натпревар, откако во СЕХА лигата се решени сите дилеми околу пласманот на табелата и патниците на завршниот турнир.

Познато е дека Металург и Вардар Про ќе се сретнат во полуфиналето на Ф4 турнирот кој од 12. до 14.април ќе се одигра во Скопје.