Семинар за аикидо се оддржува викендов
18.04.2013 09:11
| KumanovoNews
Во Спортската сала на СОУ “Перо Наков“ викендов ќе се оддржи семинар за аикидо кој ќе го води предавач од Србија.

Љубителите на аикидото ќе научат повеќа за боречките вештини. Во кимоно ќе бидат презентирани потези. Во сабота семинарот е во два термини од 13 до 14.30 часот и од 18 до 19.30 часот. Во недела предавањата се од 11 до 12.30 часот - вели Драган Божиновски, од Општински сојуз на спортови.
Организатори се Општински сојуз на спортови и аикидо клубот “Агатсу“ од Куманово.