Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Американската тенисерка Серена Вилијамс денеска официјално се врати на првото место на ВТА листата иако тоа беше јасно уште во петокот.
Со 31 година, четири месеци и 24 дена таа стана најстариот светски број еден откако во ноември 1975 година е воведено компјутерското рангирање. Ова и е шесто враќање на чело на ВТА листата и 124. недела на врвот на женскиот светски тенис. Сега Американката има 265 бода повеќе од досегашниот лидер Викторија Азаренка иако белоруската тенисерка вчера славеше во меѓусебниот дуел во финалето на турнирот во Доха.
Освен на врвот, во Топ-10 во женска конкуренција нема промени. Трета е Марија Шарапова, а по неа се Агнешка Радванска, На Ли и Анжелик Кербер.
Во машка конкуренција ништо не е сменето.
Новак Ѓоковиќ и натаму е далеку пред конкуренцијата, а дури ни триумфот на турнирот во Сао Паоло, не му донесе на Рафаел Надал прогрес на АТП листата.
ВТА РАНКИНГ
1. Серена Вилијамс САД 10.590 бода
2. Викторија Азаренка Белорусија 10.325
3. Марија Шарапова Русија 9.715
4. Агнешка Радванска Полска 7.750
5. На Ли Кина 6.130
6. Анжелик Кербер Германија 5.400
7. Сара Ерани Италија 4.820
8. Петра Квитова Чешка 4.510
9. Саманта Стосур Австралија 3.835
10. Каролина Возниацки Данска 3.570
АТП РАНКИНГ
1. Новак Ѓоковиќ Србија 12.960
2. Роџер Федерер Швајцарија 9.855
3. Енди Мареј В.Британија 8.480
4. Давид Ферер Шпанија 6.855
5. Рафаел Надал Шпанија 5.755
6. Томаш Бердих Чешка 4.485
7. Хуан Мартин дел Порто Аргентина 4.410
8. Жо-Вилфред Цонга Франција 3.515
9. Јанко Типсаревиќ Србија 3.125
10. Ришар Гаске Франција 2.880