Симоновски го напушти Куманово
04.07.2016 18:24
| KumanovoNews
Екипата на Куманово остана без својот бек шутер Марко Симоновски кој следната сезона ќе се врати во МЗТ Скопје.

Тој во Куманово дојде од МЗТ Скопје, одкако предходно заработи повреда и немаше значајна минутажа. Симоновски ги бранеше боите на Куманово од средината на сезоната, кога беше најавуван како супер-засилување за Куманово.
Во регуларниот дел од првенството, тој за 30 минути на паркетот постигнуваше 11 поени и 3 скока по натпревар. Оваа сезона за три поени имаше 45% успешност.