Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија во третиот натпревар против тимот на Соколи со резултат 74-65.
Кумановчани не успејаа да направат брејк и екипта на Карпош Соколи веќе на следниот натпревар ја има првата меч топка за финале. Соколи имаа поуверлив почеток на натпреварот и натпреварот го започнаа со пет погодени шута за три поени, а одличната игра продолжи и до крајот на мечот. Куманово немаше водство на овој натпревар, но успеја да ја смали разликата од максимални 23 негатива на пристојни 9 поени разлика.
Марко Болтиќ беше најефикасен поединец кај победникот со 21 поен. За Куманово Бојан Трајковски и Вукашин Мандиќ постигнаа 16 поени.
Четвртиот дуел од оваа полуфинална пресметка се игра за два дена во Куманово. МЗТ Скопје Аеродром е првиот финалист, одкако со 3-0 во победи го совлада Фени Индустри.