Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Андреј Васевски, член на Пингпонгарскиот клуб Куманово освои второ место на турнир во Кратово.
„По пауза од четири месеци, поради здравствени причини, Андреј Васевски првпат настапува на турнир и забележа одличен резултат. По два одиграни натпревари во групната фаза и четири победи во делот на елиминации во финалето беше поразен од повеќекратниот сениорски државен првак Христијан Станојковски. Лично сум задоволен од неговата игра во овој момент како и од играта на вториот учесник Јаков Јакимовски, кој стигна до четвртфиналето и беше поразен од победникот на овој турнир Станојковски. Овој турнир беше добра проверка за играчите пред натпреварите во Прва лига за сениори што почнуваат од март“, вели Мики Трендафиловски, тренер на ППК "Куманово".
Турнирот се одржува по повод патронот на општина Кратово.