Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на техничкото училиште “Наце Буѓони “ го освои првото место на турнирот во мал фудбал што го организираше УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.
Втори беа фудбалерите од еконоското училиште “ Перо Наков “, трети“ Киро Бурназ “, а четврто место освоија учениците од гимназија “ Гоце Делчев “.
На турнирот учествуваа четири екипи од средните училишта. Се играа две полуфинални средби, натпревар за третото место и финалниот натпревар. Турнирот свечено го отвори кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро – Дпмне Д-р Зоран Ѓорѓиевски- велат организаторите.
Турнирот е организиран со цел да се потикне дружењето и запознавањето на средношколците.