×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стефан Петровски спортист на годината во Куманово

    18.03.2013 15:39 | KumanovoNews

    Велосипедистот Стефан Петровски од велосипедскиот клуб “Вело - М“ е прогласен за спортист на Куманово за 2012 година.

    Стефан Петровски спортист на годината во Куманово

    Наградата му беше врачена вчера на манифестацијата Избор на најдобар спортист, што ја организираше Општинскиот сојуз на спортови Куманово.

    Петровски ја доби наградата по петти пат, заради извонредните спортски достигнувања и промоција на градот. Лани се закитил со повеќе титули меѓу кои државен првак во велосипедизмот во Македонија, победник на 11 трки, освојувач на Куп на Македонија, учесник на Светско првенство во Холандија каде освои 67 место и многу други натпревари.

    Веќе се навикнав да ја добивам оваа награда и станува голема гордост и сатисфакција за мене. Најголем успех ми е учеството на Светското првенство во Холандија каде освоив 67 место од 200 учесници. Плановите се наредната година се настап за бугарскиот клуб Хемус. Ова ми е прва сезона во овој клуб, каде се возат професионални трки, на многу високо ниво. Целта ми е да победам на професионална трка надвор од Македонија. Сите финансии за жал кои се упатени кон овој спорт се од моето семејство и дел од Општина Куманово. Државата последниве години не помага ништо - вели Петровски.

    Признанијата на најдобрите спортиски им ги врачија претседателот на Општинскиот сојуз на Спортови, Сашо Петрушевски и градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Во последните 6 - години се потрудивме да го доведе спортот на повисоко ниво. Куманово тоа го заслужува како најголема локална самоуправа, која има 20.000 ученици. Ова денешно претставување на резултатите не е случајно, бидејќи има луѓе кои работат, даваат резултати и од се срце сакам да продолжат сите овие спортисти. Ќе направам се да го зголемам буџетот преку сектор за спорт и култура, преку Општински сојуз на спортови. Мислам дека во масовните спортови во наредниот период ќе дадеме резултати. - изјави Дамјановски.

    Останатите најдобри спортисти за 2012 година се Николче Митевски, боксер, Милош Ранчиќ, атлетичар, Арменд Алими, фудбалер, Никола Петрушевски, кик боксер и Давид Бирдевски, пингпонкар, Емил Јоцевски, фудбалер, Наталија Зафировиќ, ракометарка, Стефан Трајковски, ракометар и Александар Костовски, кошаркар. Најдобар спортист странец за 2012 година е Урош Луковиќ, кошаркар во клубот “Куманово 2009“.

     За најдобар спортски клуб е прогласен “Вело - М“, клуб со најмногу трофеи е боксерскиот клуб “Фајтер Илири“,  а најпопуларен е кошаркарскиот клуб “Куманово 2009“.

    На манифестацијата беа поделени и признанија за успех во училишните спортови, спортисти-пензионери, спортисти со посебни потреби, тренери, спортски работници, млади спортисти и  афирмација на спортот.