Стрелачкиот клуб “Куманово 2000“ државен првак
04.06.2013 08:01
| KumanovoNews
Општинскиот стрелачки клуб “Куманово 2000“ се закити со титулата државен првак, откако во викендов во Битола победи на државниот натпревар во стерелаштво.

Екипно во сениорска конкуренција стрелците постигнаа врвни резултати со што станаа државни прваци за 2013 година.
Поединечно Димитар Димковски во сениорска категорија освои злато со резултат 352 круга со сериска воздушна пушка.
Клубот на првенството беше поддржан од Општинскиот сојуз на спортови и локалната самоуправа.