Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бранителот на тронот МЗТ Скопје одново имаше успешен настап против Фени Индустри, овој пат во Кавадарци каде составот на Алеш Пипан славеше со 93:82.
Со оваа победа „металците“ ја обезбедија стартната предност од 1:0 во плејоф серијата со истиот противник, против кој ја имаат и предноста на домашниот терен.
Важна победа забележа и Кожув, кој со 91:64 ја прегази Лирија и со тоа се стекна со предност од 1:0 во својата полуфинална плејоф серија, која гевгеличани ќе ја играат против Работнички. Кожув првиот меч од таа серија го игра на домашен терен, што е за нив голема шанса тие да остварат голем успех и да се најдат во финалето.
Димитар Караџовски со 15 поени беше најефикасен во редовите на домашната екипа додека гостите од Сарај со по 15 поени ги предводеа Александар Угриновски, Енес Хаџибулиќ и Балша Радуновиќ.
Во натпреварот кој на крајот се покажа дека нема никаква резултатска важност Куманово како гостин го совлада Работнички со 83:82 за простување со победа од својот настап во Суперлигата.