СВСК Куманово подобри од Јанта Волеј
13.11.2017 11:00
| KumanovoNews
Одбојкарките на СВСК Куманово успејаа да триумфираат против екипата на Јанта Волеј со 3:0 во сетови.

Во репризата од минатогодишното финале СВСК ги добија првиот сет со резултат 20:25, вториот многу поубедливо со резултат 13:25 и третиот сет заврши со резултат 23:25.
СВСК се наоѓа на петтата позиција на табелата со две победи и два пораза. Пред нив на табелата се наоѓаат Виктори Волеј, Наковски волеј и Универзитет Тетово.