Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера на гостински терен, младинскиот состав на ЖРК Куманово ја совлада екипата на Кожувчанка во Фајнал-фор турнирот со 14-18 (8-5) и го освоија третото место во првенството во младинска категорија.
Домаќин на фајнал фор турнирот беше екипата на Кожувчанка, Штип која по поразот од екипата на Куманово го зазема четвртото место на турнирот.
Првото место и припадна на женската младинска екипа на Металург, која ја совлада екипата на Вардар во финалето на фајнал фор турнирот со 17-18 (8-8).
Со самото тоа што сме веднаш зад доминантните екипи на Металург и Вардар говори доволно за квалитетот на нашата екипа-изјави Габријела Трајковска капитен на екипата на ЖРК Куманово.
Задоволни сме од прикажаната игра на младинките кои играа борбено и достоинствено го носеа дресот на Куманово- додаде капитенот.
Не радува фактот дека женскиот ракомет во Куманово оди во нагорна линија. Овие ракометарки се наша гордост и наша иднина-изјавија од клубот.