Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот стадион во Куманово, утре ќе се одигра натпревар во кој се среќаваат двата главни конкуренти на врвот на табелата во трета Mакедонска Лига - север, екипите на Гоблен од Куманово и Локомотива од Скопје.
Двете екипи имаат 46 бода, меѓутоа кумановчани имаат подобра гол разлика во однос на своите конкуренти. Гоблен во првиот натпревар на гостински терен успјеа да извојува победа против Локомотива со 1:0.
Тимот што ќе триумфира на овој натпревар ќе има полесен пат до крајот на шампионатот да се круниса до титулата која ќе овозможи бараж и влез во втората македонска лига.
Тренерот на екипата на Гоблен, Флорим Имери ги има сите играчи на располагање за овој натпревар и ги повикува сите љубители на фудбалот да дојдат и да ја подржат неговата екипа.
Натпреварот се игра на Градскиот стадион и започнува во 16 часот.