Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово направи огромен чекор во борбата за второто место, победувајки го директниот ривал, тимот на Карпош Соколи.
Кумановчани имаа спор старт на натпреварот, дозволија домаќинот да дојде до двоцифрена предност, меѓутоа сето тоа го надохнадија во продолжението од мечот и во вториот период го имаа првото водство. Отпорот беше скршен некаде кон средината на последниот период кога Куманово поведе со 7 поени предност, кои останаа недостижни за домаќинот Карпош Соколи.
Жарко Ракочевиќ постигна 20 поени, Бојан Трајковски имаше 19 поени а Александар Костовски го заврши натпреварот со 18 поени, и оваа изедначена распределба на поените можеби е и клучот на успехот во овој натпревар. Кај домаќините Филип Шепа постигна 21 поен.
Овој викенд се игра Купот на Македонија, а Куманово првин игра против тимот на Работнички. Со победа на тој натпревар, следен противник би бил подобриот од натпреварот Струмица - Карпош Соколи. Од другата страна на ждребката, МЗТ Скопје игра против Бест, а домаќинот Кожув го пречекува Фени Индустри.