Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарот на Орландо Меџик, Хидает Туркоглу е казнет со 20 натпревари неиграње заради кршење на анти-допинг програмата, соопштија официјалните лица на НБА лигата.
Туркоглу бил позитивен на метенолон кој е забранет во програмата на лигата уште од 1999. година.
Турскиот кошаркар изјави дека не знаел за која супстанција станува збор.
Додека се враќав во Турција добив лекови од својот тренер за што побрзо да се опоравам од повредата на рамото. Не знаев дека е забранет, па не ни проверив пред да го употребам. Одговорен сум за сè што влегува во мојот организам. Тоа беше целосна грешка и му се извинувам на Орландо, челниците на лигата, соиграчите и на сите навивачи на Меџик. Знам дека многумина изневерив и многу ми е жал-изјави Хидо.
Оваа сезона Туркоглу одигра само 11 натпревари со очаен просек од 2,9 поени и 2 асистенции по натпревар.