Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српска заедница во Македонија по единаесети пат го организира традиционалниот турнир во мал фудбал „Видовдан 2013„, по повод празникот Видовден. Турнирот ќе се одржи на игралиштето кај Соколана од утре до 28 јуни.
Оваа година специјален гост на турнирот ќе бидат ветераните на нашиот најтрофеен клуб Вардар Стојкоски, Јаневски, Петровски, Александровски, а исто така свое присуство најави и легендата на југословенскиот фудбал Дарко Панчев. Предвидено е тој да го врачи пехарот на најдобрата екипа и заедно со ветераните на ФК Вардар да одигра ревијален натпревар против ветераните на Српската заедница во Македонија, пред финалниот натпревар- изјави Далибор Китановиќ, претседател на младите на ДПСМ.
На турнирот се пријавени 16 екипи, кои ќе бидат поделени во 4 групи. За најдобрите 3 екипи обезбедени се пехари, медали, мајци, а исто тако обезбдени се награди за најдобриот играч, најдобриот стрелец и најдобриот голман на турнирот.
(фото архива)