Утре стартува ракометниот Плеј-оф, Куманово гостува на Металург
30.04.2013 15:10
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово утре во 18 часот во салата „Автокоманда“ ќе го одиграат првиот натпревар од одложеното прво Плеј-оф коло во првенството на Македонија.

Овој натпревар е одложен поради настапот на Металург во Лигата на шампионите.
Поради заморот на ракометарите на Металург и долгата листа на повредени играчи, кумановчани можеби имаат и повеќе шанси за подобар резултат во овој меч.
За сите љубители на ракометот, влезот во салата во Автокоманда ќе биде слободен.