Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Бал фор Лајф забележаа нов пораз во Втората лига. Тимот на Вардар забележа убедлива победа со резултат 57-84.
Екипата од Скопје имаше одличен старт и серија од 12-0, по што си ја поедноставија задачата да триумфираат во Куманово. Бал фор Лајф се мачеше додека ги постигна првите поени, подоцна во текот на натпреварот успеваше и да дојде до пристојна негатива, меѓутоа Вардар имаше целосна контрола над мечот и на крај извојуваа убедлива победа.
Лука Петровски од тимто на Вардар беше најефикасен на мечот со 24 поени. Кај домаќинот Наум Јакимовски и Филип Стојановски постигнаа по 10 поени.
Следниот натпревар Бал фор Лајф го игра во Свети Николе против тимот на Овче Поле.