Вело М одлични на отворањето на сезоната
Во организација на Универзитетот Гоце Делчев од Штип и Велосипедската федерација на Македонија, денеска одржа првата трка низ улиците на Штип во должина од 35 километри.

Стефан Петровски од Вело М Куманово заврши прв, пред двајца конкуренти од тимот Енерџи од Скопје.
Кај јуниорите со 1 круг предност пред своите конкуренти беше Денис Колевски, а кај кадетите победник во својот дебитантски настап беше Милош Милевски.
Во „мастерс“ категоријата победник беше Сашко Јосифовски од Енерџи Скопје додека претставникот од Вело М Зоран Ристовски поради влажната патека имаше пад и не ја заврши трката.
Ален Денковски на спринт се задоволи со второто место.