16. 11. 2009 00:00

Вело М освои три медали во Скопје

Вело М освои три медали во Скопје

Велосипедистите на Вело-М од Куманово постигнаа одлични резултати на велосипедската ноќна трка „Ослободување на Скопје„ што се одржа низ улиците на Скопје.

Во категоријата јуниори победи Стефан Петовски, кој е најдобар македонски велосипедист. Кај кадетите првото место го освои Александар Атанасовски, од сениорите Зоран Ристовски го освои третото место.

Со оваа трка се заврши велосипедското првенство на Македонија за 2009.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk